Научниците порачуваат да се одложи давањето на втората доза од вакцината на „Фајзер“ – доволна била само првата доза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дел од експертската јавност апелираше до светските влади да ја одложат администрацијата на втората доза на вакцината „Фајзер“ -„Бајонтек“ против коронавирус, бидејќи веќе по првата доза се покажува нејзината висока ефикасност од 92,6 проценти.

Канадскиот епидемиолог Данут Сковронски и Гастон Де Серес, професор на канадскиот медицински факултет на универзитетот Лавал, во трудот објавен во медицинското списание Њу Ингланд џурнал велат дека нивните наоди се засноваат на документацијата што „Фајзер“ ја доставил до Администрацијата за храна и лекови на САД.

Во случајот на втората вакцина заснована на иРНК – онаа на компанијата Модерна, откриено е дека веќе по првата доза ефективноста е 92,1 процент, пишуваат Сковронски и Де Серес.

Тие предупредуваат дека сè уште не е познато колку долго трае заштитата обезбедена со една доза вакцина базирана на информациона РНК, но посочуваат дека давањето втора доза еден месец по првата обезбедува „краткорочно мали дополнителни придобивки“.

„Со оглед на сегашниот недостиг на вакцини, одложувањето на втората доза е прашање на национална безбедност што, ако се игнорира, сигурно ќе резултира со илјадници хоспитализации и смртни случаи поради ковид-19 во текот на зимата во САД“, пишуваат авторите.

„Фајзер“ за својата вакцина препорачува да се дадат две дози во интервал од 21 ден и сè уште не ги тестирала другите распореди за вакцинација, велејќи дека одлуката да се даде само една доза е работа на здравствените власти.

„Ние во Фајзер веруваме дека здравствените власти мора да испитаат други распореди за вакцинирање за да се осигурат дека вакцините обезбедуваат највисока можна заштита“, додаваат од компанијата.