Научниците објаснија зошто мачките не можат да одолеат на нацртани квадрати и кутии


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Корисниците на Твитер кои обожаваат мачки последниве денови ги испробаа и потврдија тезите дека ако на мачките им направите некаков вид на квадрат, таа просто мора да седне во него.

Повеќето луѓе привчно мислеа дека тоа е слатко, но се запрашаа и поради што се случува таквата реакција. Американската докторка на науки Темпл Грандин вели дека станува збор за фактот дека мачките сакаат да се пикаат во мали простори каде чувството е многу побезбедно. Наместо да бидат изложени на потенцијална опасност, мачките повеќе сакаат да се вовлекуваат и да се дружат во помали простори.

Како младенчиња, мачките се собираат крај својата мајка и чувствуваат топлина и смирувачки контакт. Грандин наведува дека блиските контакти ослободуваат ендрофин кој предизвикува задоволство и намален стрес. Исто така, истакнува дека треба да се има на ум оти мачките создаваат легла во мали, дискретни подрачја.

„Малите простори се наоѓаат на репертоарот на однесување на мачките и се добри“, вели Грандин. Таа додава дека виртуелната кутија, односно нацртаниот квадрат е една од варијациите на таа тема.

„Нацртан квадрат на површината за мачките може да претставува кутија. Иако не е добар како вистинската кутија, тој квадрат претставува нешто што би можело да пружа одредено чувство на сигурност и психосоматска удобност за мачките“, вели експертката.

Холандските научници направија истражување и дојдоа до заклучок дека мачките со кутии побрзо се прилагодуваат на околината отколку мачките кои не поседуваат кутија. Нагласуваат дека мачките со кутии се помалку под стрес бидејќи имаат каде да се „сокријат“.