Научниците ја променија човечката ДНК: Создаден првиот генетски модифициран ембрион


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првпат во историјата американските научници успеаја да ја променат ДНК на човечкиот ембрион во обид да ги поправат гените кои носат наследни болести.

Истражувачите од Универзитетот во Портланд успеаја да модифицираат неколку ембриони користејќи тешка техника CRISPR. Тимот го предовел американскиот биолог Шукрат Маталипов, кој успеал безбедно да вбризга хемикалија задолжена за поправка на „погрешни гени” веднаш по зачетокот на ембрионот.

Иако ембрионите неколку дена не можат да се развиваат, за тоа време истражувачите успешно докажале дека можат превентивно да делуваат на наследните болести.

Сè до сега Кина беше единствена земја која успеа да направи такво нешто. Сепак, тие успеаја да поправат само мал број на клетки, па само делумно успеаја во оваа замисла.

Како што пишува MIT Technology Review, овој потфат значи дека САД се чекор поблиску до создавање на првите генетски модифицирани човечки суштества на планетата.

„Ова е најдобар доказ дека такво нешто е можно. Не верувам дека ќе почнуваме со клинички испитувања, но секако е чекор пред сите”, рече еден од истражувачите.