Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Елон Маск преку МИТ, па се до министерство за одбрана на САД, сите работат на истражување на мозочните импланти. Па така се чини дека е прашање на време кога ќе бидат спремни уредите кои го подобруваат памтењето на луѓето.
На еден американски универзитет демонстрирано е користење на таков имплант, кој може да се користи во лечење на Алџхајмерова болест.
Професорот Донг Сонг го презентираше неговото откритие на тема „мемориски протези“ за време на состанокот на Здруженија за Невронаука во Вашингтон. Состанокот се однесувал на првиот уред кој ефикасно го подобрил човековото памтење.
За време на тестирањето Сонг имал помош од 20 волонтери, на кои им се имплантирани мозочни електроди во склоп со третман за лечење од епилепсија. После имплантирањето, сонговиот уред почнал да собира податоци за мозочните активности на волонтерите.
На основа на истражувањето, таквата стимулација го подобрила краткорочното памтење за 14 % и работната меморија за околу 25%.
„Пишуваме невронски код со цел да го подобриме памтењето. Ова никогаш порано не е направено.“, изјави Сонг.
Ова би можело да им биде од корист на студентите или оние кои тешко памтат имиња. Но најголема корист ќе имаат оние кои патат од Алцхејмерова болест.
Бил Гејтс најави дека ќе инвестира 100 милиони долари во истражувањето на Алцхејмеровата болест.
Сонговиот уред мора додатно да биде тестиран, а потоа треба да се даде одобрување за користење во третмани. Ако се утврди дека е ефикасен и помага во зголемување на памтењето, ќе биде огромен напредок.