Научните истражувања открија поврзаност меѓу високиот крвен притисок и ракот на дојката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научниците во рамки на нивните истражувања идентификувале протеин, за кој се смета дека може да биде фактор на ризик и за високиот крвен притисок, но и за рак на дојките.

Претходните истражувања откриле дека жените со висок крвен притисок имаат околу 15 проценти зголемен ризик од развој на карцином на дојка во споредба со жените со нормален крвен притисок. Се покажало дека високите нивоа на протеините GRK4 предизвикуваат висок крвен притисок. Најновото истражување, претставено на научната конференција во Њу Орлеанс, покажа дека GRK4 протеинот постои во клетките на ракот на дојка, но не во нормални, неинфицирани клетки.

“Ракот и хипертензијата имаат заеднички фактори на ризик. Претходното истражување од нашата лабораторија на GRK4 откри дека е регулирано со онкоген наречен c-Myc, кој игра улога во развојот на многу видови на карцином, вклучително и карцином на дојка. Ова не доведе до хипотезирање дека GRK4 би можел да биде врската “, изјави шефот на научниот тим, Веи Џу.

Речиси половина од сите возрасни со висок крвен притисок се жени. Пос 65-годишна возраст, повеќе жени имаат висок крвен притисок отколку мажи. Бременоста, контролата на раѓањето и менопаузата може да го зголемат ризикот од развој на висок крвен притисок и доколку не се лекува, тоа може да предизвика здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, мозочен удар и губење на видот.

Важно е да се напомене дека ракот на дојка е најчесто дијагностициран тип на карцином и втора водечка причина за смрт кај жените.

„Во другите студии, забележани се GRK2 и GRK5 да даваат подетални информации за различни видови на рак, но Џу рече дека нивниот тим е првиот што барал врска помеѓу GRK4, високиот крвен притисок и ракот на дојка.

„Лековите што се насочени против GRK4 можат потенцијално да се користат за лекување на пациенти со хипертензија и карцином на дојка“, рече Џу.