Нацрт-предлогот од Грција на маса: Димитров на средба со Коѕијас и Нимиц


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕијас, и посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, која ќе се одржи во Виена. Тема на разговорите е нацрт-договор за конечно решение за името.

Оваа денешна и вчерашната средба се оценети како почеток на сериозните преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН за проблемот што нашиот јужен сосед го има со нашето уставно име. Од македонската Влада велат дека досега се воделе разговори, размена на информации, а овие средби на ниво на министри за надворешни работи значат всушност почеток на преговорите. Еден вид фотофиниш. Очекувањата се дека овие преговори ќе траат и во текот на март.

Од вчерашната средба на шефовите на дипломатиите во Виена сѐ уште нема никаква официјална информација. Според претходните договори, вчера и денес најверојатно се разговара за нацрт-договорот предложен од грчка страна.

Пред оваа средба во Виена, двете страни ги најавија своите ставови. Премиерот Зоран Заев рече дека Владата е подготвена за име со географска одредница без промена на Уставот, а грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера го повтори ставот дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот Устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени лани на 12 декември минатата година во Брисел, кога со медиајторот Нимиц се сретнаа преговарачите Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија. Минатиот месец Нмиц ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.

На 24 јануари во Давос премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ја имаа правата средба, а на која главна тема беше решение за името.