Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициските служби од Аргентина во соопштението за јавноста открија дека ја пронашле досега најголемата позната колекција од нацистички обележја и предмети на аргентинска територија.
Колекцијата е лоцирана во тајна соба од една куќа која се наоѓала во предградие на Буенос Аирес. Меѓу предметите кои се најдени во неа има релјефен профил од нацистичкиот фирер Адолф Хитлер и други предмети со кукасти крстови, како и бизарна медицинска направа за мерење човечки глави.
Контроверзната колекција брои вкупно 75 артефакти кои датираат од периодот на нацистичкиот подем и зенит. Се смета дека истите им припаѓале на високи нацистички воени лица од Втората светска војна.