Home Актуелно Наци поздрав на сељакот Џамбаски

Наци поздрав на сељакот Џамбаски

Францускиот европратеник Сандро Гози апелираше до претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола да реагира на недоличното однесување на нивниот колега од Бугарија Ангел Џамбаски, кој ја напуштил салата на Европарламентот со нацистички поздрав.

Џамбаски ова го сторил откако во текот на дебата за пресудата на Европскиот суд на правдата (ЕСП) со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска.

Ова веднаш предизвика бројни коментари на твитер, а Ангел Џамбаски одговори дека само мавнал со раката отпоздравувајќи. Тој претходно одлуката на ЕСП ја нарече одвратна.

Реагираше и претседателката на Европскиот парламент Мецола: „Фашистички поздрав во Европскиот парламент за мене е неприфатливо – секаде и секогаш… Ваквиот потег е дел од нашата најтемна историја и таму мора да остане“, напиша на својот твитер-профил Мецола.

Бројни се коментарите кои му даваат целосна поддршка на европратеникот Сандро и кои се сомневаат во ваквото објаснување на Џамбаски.

По оставката на Красимкр Каракачанов, пред една недела Ангел Џамбаски стана еден од тројцата потпретседатели на бугарската партија ВМРО и е еден од најгласните бугарски политичари кои сметаат дека Македонците се всушност Бугари, кои од 1945 година се самоопределиле како Македонци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…