Натриумот – најважната алатка во функција на мускулите и крвниот притисок..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натриумот е вообичаен елемент во природата често се наоѓа во храната и водата за пиење. Човечкото тело има голема потреба за натриум за да обезбеди нормална работа на крвниот притисок и нормална функција на нервите и мускулите. Тој се смета за еден од најважните минерали бидејќи ја оддржува во рамнотежа течноста во келиите на организмот, помага во преносот на нервни импулси низ телото и така помага на мускулите нормално да функционираат.

Еден дел од овој минерал кој редовно го конзумираме доаѓа од водата. Повеќето луѓе конзумираат повеќе натриум отколку што им е потребо да го оддржат и сочуваат доброто здравје. Многу ретко, може да се случи во организмот да недостасува овој минерал. Симптомите на недостаток на натриум вклучуваат грчеви во мускулите, замор, вртоглавица, мачнина и неможност за концентрација.

Спортистите треба особено да размислуваат за тоа колку натриум внесуваат во своето тело. Натриумот е многу корисен минерал, потребен за работа на мускулите. Ако по напорниот тренинг почувствувате затегнување на мускулите или болка, проверете дали сте внеле количина на натриум која одговара во текот на денот. Во случај да не сте, или движењето на натриумот низ телото е блокирано, вашиот нервен и мускулен систем можат да станат компромитирани.