НАТО свика вонреден состанок за труењето на Навални


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска свикува вонреден Совет на воената алијанса заради актуелната ситуацијата со труењето на Алексеј Навални, пренесува Блумберг.

Се истакнува дека за време на средбата ќе се разговара за следните чекори откако германските лекари заклучија дека труењето на рускиот опозиционер Навални (44) било извршено со боево-хемиска супстанца од групата „Новичок“.

Германија и официјално соопшти дека Навални бил отруен со нервно-паралитички агенс. Кремљ ги негираше тврдењата на Берлин, повикувајќи се на руските лекари кои не утврдиле ефекти на труење на Навални, бидејќи не бил најден отров во неговиот организам.