НАТО се издигна пред Влада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалното знаме на НАТО, кое беше кренато веднаш до државното, од денес почна да се вее пред зградата од Владата на Македонија. Со овој потег симболично се одбележа започнатиот процес на зачленување во најмоќната Алијанса во светот.

На свеченоста присуствува дипломатскиот кор, воените аташеа на земјите членки на НАТО, пратениците и сите претставници на Владата. Свеченоста започна со интонирање на македонската химна од страна на воениот оркестар. Потоа Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје му го предаде НАТО знамето на премиерот Заев, кој пак го предаде на АРМ.

Со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.