Home Вебкафе Натчовечкиот потфат на Алекс Хонолд: „Како искачив 900 метри без безбедносно јаже“

Натчовечкиот потфат на Алекс Хонолд: „Како искачив 900 метри без безбедносно јаже“

Алекс Хонолд е „Леонардо Да Винчи на слободното качување“ – овој клише пластичен опис веројатно најдобро треба да го приближи значењето и големината на Хонолд до пошироката публика.

Хонолд е професионален качувач на карпи кој има направено револуционерни соло потфати во слободен качувачки стил (што значи без користење на било каква безбедносна опрема) на некои од најопасните карпи во САД.

Но, неговото „free solo“ искачување на фамозниот „Капетан“ („El Capitan“), најпознатата качувачка карпа и локалитет во националниот парк Јосемити, но и во светски рамки, е потег кој го запира здивот. Не мора да сте познавач на качувачкиот спорт, доволно е да видите неколку фотографии и сцени од снименото качување, за да ви стане јасно за опасноста, а со тоа и големината и значењето на овој потфат.

На TED Talks Хонолд имаше и свое излагање за тоа „како искачи 900 метри без јаже“. Еве го тој говор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…