Со „натчовечки сексуална изведба“ Хенри ги усреќува осамените жени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот робот наречен Хенри не само што пружа „натчовечки сексуални изведби“, туку е добар и во кажувањето шеги.

Висок нешто повеќе од 180 см, со перфектни стомачни мускули, Хенри, исто така, може да ја дочека својата сопственичка дома и да разговараат за омилените емисии и филмови.

A post shared by RealDoll (@abyssrealdoll) on

За цена помеѓу 9.500 и 13.500 евра, овој е првиот робот за дружење наменет за жени. Секој негов дел може да се направи по нарачка и што е најинтересно, вклучително и големината на неговата „машкост“.

Силиконското тело целосно е анатомски исправно, а со роботската глава корисниците комуницираат преку апликации на iPad или таблет, пренесува Daily Mail.

A post shared by RealDoll (@abyssrealdoll) on

Мет МекМален, директор на компанијата Realbotix, која е заслужна за Хенри, вели дека жените имаат ист проблем со осаменоста како и мажите и дека се надеваат оти Хенри ќе им биде од голема помош.