Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нема настава во училиштата во понеделник, СОНК останува на одлуката за предупредувачки штрајк. Во понеделник настава ќе нема во сите основни и средни училишта.
Наставниците нема да ги примат учениците и нема да одржуваат настава. Од СОНК ги повикуваат родителите да им дадат поддршка на наставниците.
Синдикатот останува на истиот став бидејќи и по вчерашната средба со министерот не се договориле согласно со покачувањето на минималната национална плата во државата.
Досегашните вкупно 10 проценти покачување не се доволни според СОНК.
Предупредувачкиот штрајк важи за понеделник.
Сите наредни одлуки на синдикатот ќе зависат од реакцијата на МОН вели претседателот на СОНК.
Министерот за образование, Арбер Адеми вели дека не треба да има штрајк зашто децата ќе трпат.
„Е сега, дали треба да се организира истиот или не? Мислам дека нема причина, уште повеќе тргнувајќи од интересот на учениците, особено на тие кои за прв пат ќе седнат на школските клупи, кога се знае дека првиот училиштен ден е свечен ден за нив и нивните родители. Наставниците заслужуваат повеќе и ние правиме повеќе“, рече министерот Адеми.