Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Здравствен работник и наставник во подрачно училиште во Кавадарци се меѓу новозаболените од КОВИД-19 во Македонија. Во изолација се 38 ученици. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
– Нови 40 случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата. Од нив, 26 од Кавадарци, по шест во Росоман и во Неготино, два случаја во Демир Капија. Најмладиот има 14 години, а најстариот е на 81-годишна возраст, појасни Јовановски.
Со коронавирус починал 67-годишен неготинец, додаде Јовановски. Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.