Наставниче бе, камерата…вклучена е! (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наставникот Рубен Дарио Парас, кој предава во католичко училиште во Колумбија, бил снимен во непријатна ситуација за време на повик преку зум со неговите ученици.

Имено, по онлајн часовите, Рубен заборавил да ја исклучи камерата и се препуштил на размена на нежности со неговата сопруга. Во еден момент и ја соблече кошулата и започна да и ги бакнува градите.

16-годишните ученици со неверување гледаа што се случува, а некои дури и го снимија својот учител во компромитирачка ситуација и снимките наскоро станаа вирални.

Наставникот подоцна им се извинил на учениците.

„Некои сцени беа снимени кога сопругата дојде да ме поздрави и стана вирална на Интернет. Секако дека тоа беше моја вина, не знаев дека камерата е сè уште вклучена. Не го сторив тоа намерно, беше сосема случајно Сакам да се извинам ако некого навредив “, рече наставникот, а директорката Патриша Дуран Цеспедес започнала истрага за случајот.

„Ова е сериозна работа, наставникот се однесуваше несоодветно за време на часот и ситуацијата ја снимаа некои ученици. Подоцна видеото стана вирално на социјалните мрежи”, рече таа.

Видеото предизвика и лавина коментари на Интернет.

„Се чини дека неговата сопруга не ужива премногу. Сиромав човек, сега целиот свет знае дека неговата жена е едвај заинтересирана”, “Се чувствувам тажно гледајќи го лицето на неговата сопруга.“, напишаа луѓето, а имало и такви кои се обиделе да го одбранат професорот.

„Човечки е да се направи грешка. Заборавил на камерата и бидејќи е дома, може да прави што сака”, е еден од коментарите.