Настап на „Д фестивал“ на култниот Архангел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рок составот „Архангел“ најави настап на 7. јули на „Д фестивал“, потврдија од продукцијата Пасворд.

„Архангел“ останува култно име на нашата музичка сцена, и на сцената на Балканот. Ристо Вртев го офроми бендот во 1988. година и во својата кариера има објавено 4 албуми меѓу кои Архангел 1 во 1991. година, Архангел 2 во 1993. година, Heart Core во 1998. година и Небесна машина во 2003. година.

„Д фестивал“ ќе се одржува од 6. до 8. јули во Дојран.

Во својата тридневна музичка програма покрај „Архангел“ веќе ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол Ван Дајк, К.У.Р., „Fink“, Севдализа, Дуке Бојаџиев, „Pussy Riot“, Горан Трајковски, „Smut“…