Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити кој е на позајмица во Севиља, Самир Насри се соочува со четиригодишна суспензија поради кршење на антидопинг правилата.
Французинот се наоѓа под истрага на светската антидопинг агенција (ВАДА), поради сомнителниот третман за време на рехабилитацијата во клиниката „Дрип докторс“ во Лос Анџелес.
ВАДА сака да дознае кој би точниот третман на Насри, па доколку се открие дека користел недозволени супстанци му се заканува повеќегодишна суспензија, што би значело и крај на кариерата.
Во Севиља се сигурни дека нивниот играч е чист. ВАДА, како што е познато, забрани интравенозни терапии, освен во случај на гаранција дека во текот на шестчасовниот период нема да бидат вбризгани повеќе од 50 милилитри супстанца.