Насловната со Меланија Трамп која ги разгневи Мексиканците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата дама на САД ја краси насловната страна од мексиканското издание на Vanity Fair која наиде на револт и гнев кај Мексиканците. Според мислењето на многумина, насловната на која е прикажан раскошот, луксузот и богатството во кои ужива Меланија Трамп доаѓа во најлош и најпогрешен можен тајминг.

Меланија на насловната фотографија позира со чинија полна со скапоцен накит наместо тестенини, а во еден од поднасловите ја нарекуваат и новата Џеки Кенеди.

Vanity Fair насловната од февруарското издание ја објави на Твитер истиот ден кога мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието го откажа состанокот со Доналд Трамп, поради неговите планови да гради ѕид на границата со Мексико.

Vanity Fair е во сопственост на компанијата Conde Nast, а американскиот претседател Трамп со години е во лоши односи со популарното списание.