Наскоро шестиот Скопски цветен фестивал 2019


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Под мотото „Скопје цвета“, на 18 и на 19 мај 2019 година (сабота и недела) во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи шестиот Скопски цветен фестивал. Фестивалот ќе почне на 18 мај во 11:30 часот, со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што ќе тргне од паркингот пред бараките на Град Скопје.

Фестивалот има цел на едно место да ги обедини љубителите на цвеќето и на природата, урeдувањето на околината, уметниците, децата и учениците коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот. Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина. Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации. За првпат оваа година граѓаните ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици и да вдомат милениче.

На шестиот Скопски цветен фестивал ќе се претстават над 30 изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.

Фестивалот на цвеќето ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.