Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со одлука на Министерството за финансии, кое ги подготвува анализите за оваа цел, во план е зголемување на прагот од сегашните 45 евра на 80 до 90 евра за поштенски пратки кои нема да подлежат на царинење, односно за кои само се плаќа ДДВ-то.
Ова го најави министерката за финансии Ангеловска која рече дека прагот во земјите до европската унија е 150 евра заради што се земале предвид се поголемиот број на барања на граѓаните за олеснување на електронската трговија. Бројот на мали пратки секоја година се зголемува за 30% а за да се намалат можностите за манипулации царината преку донација од американската амбасада добила скенер со кој без отворање ќе се забрза целиот процес на проценка дали пристигнатиот пакет оди за царина или не и што има во него.
Според надлежните ова е само еден мал почеток во планираната дигитализација на поштенските услуги кои мора да се подобрат ако се земе дека лани земјава заради изгубени пратки беше пред исклучување од глобалната мрежа али експрес
Македонија од 150 земји е рангирана на 99 место според индексот на логистички перформанси односно според нивото на услуга, брзина и квалитет на испорака.