„Насилството во Центар“ и „Траекторија“ одложени за 26 и 27 декември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судењето за предметот кој ги иницираше Специјалното јавно обвинителство со работно име „Насилство во Центар“ денеска беше одложено и нов датум за кој е закажно рочиштето е одреден 27 декември, поради тоа што не биле обезбедени услови за снимање на рочиштето, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Во случајот обвинети се 12 лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Тие се теретат за поттикнување на насилство на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО во доказната постапка да може да се користат снимките од прислушуваните разговори, а на претходните рочишта вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Груевски денеска изјави дека Судењата за случаите „Траекторија“ и за насилствата во Центар се политички монтирани случаи заради остварување политичка цел, откако и судењето за „Траекторија“ беше одложено за 26 декември бидејќи во истата судница требаше да продолжи судењето за „Насилство во Центар“.

Груевски во врска со рочиштето за „Траекторија рече дека „исклучително интересен и фрапантен момент“ е делот од излагањето на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, дека аудио снимките од прислушуваните разговори, односно „бомбите“ може да бидат манипулирани и контаминирани со уфрлање на делови, доколку и бидат дадени на одбраната, и како што рече Груевски тоа ги потврдува претходно искажаните ставови од него и од ВМРО-ДПМНЕ во врска со веродостојноста на бомбите.