Home Актуелно Насер Зибери преку Фејсбук порачува: „Не сум позитивен на коронавирус“

Насер Зибери преку Фејсбук порачува: „Не сум позитивен на коронавирус“

Насер Зибери, кандидатот за премиер предложен од ДУИ, на Фејсбук објави дека не е позитивен на Ковид-19 и дека против него се води црна кампања.

– Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во ковид-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени, напиша Зибери на својот Фејсбук профил.

Зибери ја соопшти информацијата неколку часа откако излезе веста дека кандидатот за премиер е позитивен на новиот Ковид -19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…