Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
НАСА предупредува дека чадот од големите пожари кои ја зафатија Австралија ќе направи барем еден цел кру околу светот и повторно ќе се врати во Австралија.
Во НАСА го анализирале чадот и аеросолите кои доаѓаат од пожарите во Австралија. Тие забележале дека чадот од крајот на декемвери ја пропатувал половина планета и влијаел на воздухот во другите земји, пренесува „Си-ен-ен“.
A fleet of NASA satellites 🛰️ working together has been analyzing the aerosols and smoke from the massive fires burning in Australia.https://t.co/93geNvCBnU pic.twitter.com/ZedZ199lvJ
— NASA Goddard (@NASAGoddard) January 9, 2020
„До 8. Јануари чадот ја помина половина земја и дојде до Јужна Америка. Во оваа област предизвика магловите небо и разнобојни зајдисонца“, соопштија од НАСА и потенцираат дека чадот сериозно ќе влијае на квалитеотт на воздухот.
Инаку во Австралија веќе подолго време беснеат големи пожари и до сега уништени повеќе од 3000 домови, настрадаа голем број животни, а загинаа и најмалку 28 лица.