NASA откри гигантска пукнатина на Антарктик


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Истражувачите на американската агенција за вселенски истражувања NASA откриле на еден од најранливите ледници на Антарктик гигантска пукнатина во должина од 112 километри. Нејзиното појавување укажува на почеток на распад на ледениот масив и формирање мега-леден брег со површина од 6.500 квадратни метри, пишува списанието Live Science.

Климатолозите, океанографите и другите научници веќе подолг период веруваат дела промените на климата се закануваат со исчезнување на главните резерви на мраз на Земјата, глечерите на Гренланд и на северната поларна ледна капа.

Последните години, сепак, овој став почна да се менува. Научниците откриле докази дека први може да исчезнат не северните слоеви мраз, туку дел од глечерите на Антарктик, што би довело до катастрофален пораст на нивото на морето. Поради тоа, NASA во рамките на својот проект „IceBridge“ води постојан надзор на состојбата со јужните мразови, проучувајќи ги со извидувачки авиони.

Овие истражувања покажуваат дека еден од најранливите и практично гарантираните кандидати за исчезнување е глечерот Ларсен на источниот брег на Антарктик. Неговото распаѓање започнало уште во 1995 година, откако последните делови од овој ледник, како што покажуваат податоците од „IceBridge“, требало да го започнат својот пат во непознатото ова лето.

08-12nasa2

Тоа и се случило, имено последните авионски снимки што ги добила NASA кон крајот на ноември и почетокот од декември, покажуваат дека во глечерот Ларсен С, дел од ледениот масив Ларсен, се појавила гигантска пукнатина со должина од 112 километри, со широчина од околу 100 метри, а длабока до 500 метри.

Според експертите, оваа пукнатина се појавила или минатата година, или претходната, што зборува за многу забрзаното распаѓање на ледениот масив. Пукнатината продолжува рапидно да расте, притоа предупредуваат научниците.

Со почетокот на летото на јужната хемисфера, ледникот Ларсен ќе се претвори во гигантска санта мраза со површина од околу 6.500 квадратни километри. Оваа област е споредлива со димензиите на американската сојузна држава Делавер, со Естонија или со некоја помала европска земја.

Ситнењето на ледникот Ларсен С ќе доведе до забрзување на топењето и „лизгање“ на континенталните ледници на Антарктик, коишто засега се одржуваат на своето место во овој леден масив, додаваат научниците.