НАСА денес го шокира светот – откри дали има живот во вселената!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


НАСА на прес конференција денес претстави големо откритие поврзано со сателитите на Сатурн и Јупитер, на кои постои можност за живот.

„Остваривме голем напредок во одговор на прашањето што сите нè интересира – дали има живот во вселената“, рече Томас Зурбахен
од НАСА.
Научниците на НАСА веруваат дека постои голема можност на месечината на Сатурн, Енцелад да постои океан.

Леталото „Касини“ откри дека водоводот што би можел да укаже на постоење на микроби на Енцелад, иако засега не се откриени докази за постоење на организми.

Откритието на водород укажува на постоење на енергија нужна за развој на животот.

Енцелад има речиси сè што е потребно за живот каков што постои на Земјата. Амонијак, Јаглерод Диоксид и водород, како и некои органски материи. Откриениот водород би можел да биде основа за живот, слично како на Земјата, а водородот би можел да биде основа на хемиската енергија за прехранбениот синџир.

Месечината на Јупитер, Европа, е слична по големина на нашата Месечина, а телескопот Хабл откри дека и на неа е можен живот.

Гасовите што се испуштаат на Европа се доказ дека и на оваа месечина постои извор на енергија. Една можност е под површината да постои вода која испарува. Ги преминуваме границите како никогаш до сега“, порачуваат од НАСА.

Според нив, потенцијалниот живот во вселената што би можел да биде откриен, ќе изгледа целосно поразлично од животот на Земјата.

Неодамна НАСА објави дека откриле траги од постоење на вода на Марс, како и цел потенцијално населив соларен систем во близина на нашиот.