Славни

Наредба од Ким Јонг-ун: Создадете нов Меси!

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг го сака фудбалот и сега цврсто решен неговата држава да просперира на тоа поле.

Ким Јонг има желба Северна Кореја наскоро да создаде фудбалер кој ќе биде најдобар во светот, а вети и помош на младите играчи за некој од нив да го достигне нивото на Меси, па дури и да го надмине.

„Ги тренираме младите фудбалери за да создадеме нов Меси, тоа е нашата задача. За сега имаме цел да доминираме во Азија и тоа во блиска иднина, а подоцна и во светот“, амбициозно порача Ри Ју Хе, тренерот на младинската школо во Пјонгјанг.

Северна Кореа во овој момент се наоѓа на 126 место на ФИФА ранг листата, а планот на Ким е да биде најдобра во Азија. Со оглед на конкуренцијата во Јужна Кореја, Јапонија и останатите селекции на тој континтент, таа задача изгледа тешко остварлива.

Најпознатиот фудбалер од Северна Кореа кој настапувал во Европа е Јонг Тае Се кој едно време настапуваше за германски Бохум, а најголемиот успех на оваа репрезентација во поново време е учеството на Светското првенство во 2010 година.

Оваа репрезнетација играше еднаш играше и четвртфинале на едно Светско првенство, но тоа беше далечната 1966.

Advertisements
To Top