Наравоучение: Во Авганистан на детето не му давај име Доналд Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семејството на Авганистанецот Асадулах Поја било принудено да се иссели од Кабул, откако родителите на нивниот син му дале немуслиманско име. За „гревот“ да биде уште поголем, тие на своето дете му го дале името на моменталниот американски претседател Доналд Трамп.

Поради тоа, тие првин добивале остри критики на своја сметка, а подоцна почнале да добиваат и закани по нивниот живот.

Кога Поја и сопругата го добиле своето трето дете во август, 2016 година, тој го читал преводот на книгата „Трамп: Како да се збогатите“. Инспириран од ликот и бизнис делото на Трамп, на Поја му текнало дека токму тоа им е добро за неговиот син.

„Си реков: Трамп е голем човек“, објаснува Асадулах. Поради тоа, Поја својот син го именувал според Трамп, со надеж дека тоа име ќе му донесе и среќа на детето во животот. Но, нештата после тоа тргнале наопаку.