Направи 13 пластични операции во една година – сака да изгледа како Иванка Трамп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тифани Тејлор ги шокираше лекарите во емисијата Botched кога им откри дека се подложила на 13 пластични операции во изминатата една година за што повеќе да личи на својот идол – Иванка Трамп.

На лекарите Пол Насиф и Тери Дуброу таа им раскажуваше детали од многубројните третмани низ кои поминала во обидот да стане копија на ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имав 13 операции. И пред тоа бев многу убава, но сега сум малку поелегантна“, вели Тифани. На фотографиите пред операциите се гледа дека имала долга кафеава коса, но сега има руса исто како Иванка.

Кога ја прашаа зошто толку очајно сака да изгледа како Иванка, Тифани рече дека верува оти Иванка треба да биде пример за сите жени.

Има направено две пластични операции на градите, операција на носот, очните капаци, како и липосукција на стомакот и задникот. Исто така, има вградено импланти во образите.

И покрај бројните процедури, Тифани сака да направи уште неколку операции, па затоа се обрати кај гореспоменатите лекари од кои бара да направат уште една пластична операција на нејзиниот нос, барање кое тие го одбија бидејќи последен пат носот го оперирала пред само четири месеци.

Дуброу ја советуваше дека Тифани следната операција би смеела да ја направи дури за четири години.

Кога таа откри дека во последните дванаесет месеци направила 13 операции, лекарите беа сериозно загрижени поради претерано краткиот период помеѓу оперативните зафати и ја прашаа дали изминатата една година дури 13 пати била под анестезија.

„Не, само три пати“, им одговори Тифани, после што лекарите сфатија дека таа била подложувана на неколку операции наеднаш.