Home Рецепти Направете велигденска плетенка

Направете велигденска плетенка

Голем празник ни се приближува и време е да си ги засукаме ракавите и да подготвиме богата трпеза.

Зошто оваа година да не ги изненадите вашите најблиски со вкусна велигденска плетенка? Плетенката е свечен леб кој, покрај одличниот вкус, претставува и убава празнична декорација на трпезата. Може да биде округла, овална или во форма на срце.

Плетенка – состојки:

  • 500 грама бело брашно
  • едно кесиче сув квасец
  • 2 белки од јајца
  • 50 грама шеќер
  • ванилин шеќер, сол
  • 250 милилитри павлака за матење
  • млеко за премачкување

Плетенка – подготовка:

Брашното ставете го во подлабок сад и измешајте го со сувиот квасец. Додадете малку млака вода, павлаката за матење и другите состојки, замесете тесто и оставете го да нарасне. Од тестото оформете три еднакви ленти, исплетете ги во плетенка и ставете ја во тава за печење. Измешајте жолчка од јајце со една лажица млеко и премачкајте ја плетенката. Печете околу половина час на температура од 180 до 200 степени Целзиусови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како да сварите совршено тврдо варено јајце за Велигден

Како да сварите совршено тврдо јајце за Велигден Во теорија, тврдо варените јајца се една …