Наполи се вклучи во трката за Икарди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за преговорите на Јувентус и Интер околу трансферот на напаѓачот Мауро Икарди.

Новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари сака да го засили нападот со одличниот напаѓач, но и човекот кој минатата сезона имаше големи проблеми со клубот поради застојот во преговорите за продолжување на договорот.

Икарди подобри услови се обидуваше да добие со глумење повреда и поради тоа му беше одземена капитенската лента. Аргентинецот сака да остане во Интер, но новиот тренер Антонио Конте нема иста намера и Јувентус се наметнува како примамлива опција.

„Скај Италија“ сега тврди дека и Наполи се вклучил во трката за Аргентинецот и е спремен да понуди 60 милиони евра за неговиот потпис.

Анчелоти смета дека Икарди е играчот кој му недостасува на тимот за да биде конкурентен за Скудетото и сака да направи трио заедно со Инсиње и Хамес Родригез.

Икарди има договор со Интер до летото 2021 година, „нероаѕурите“ сакаат да го продадат, а Аргентинецот сака да остане во Италија.