Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчера во италијанските медиуми се појави информација дека Елиф Елмас е следен од Реал Мадрид и Барселона, а сега за оние кои го сакаат Елиф доаѓа порака од весникот „Ил Матино“ кој е добро упатен со случувањата во Неапол.
Весникот со седиште во Неапол тврди дека Наполи нема намера да преговара за продажба на Елмас по било која цена – секоја понуда која ќе дојде за Елмас ќе биде одбиена.
„Елмас го продолжи договорот до 2025 година минатата година. Наполи сака да го задржи и ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат за него во јануари и идното лето“, пишува „Ил Матино“.
Ќе потсетиме во Наполи, Елмас пристигна за 16 милиони евра плус бонуси од Фенербахче во 2019 година, а по доаѓањето на Лучијано Спалети добива многу повеќе простор за игра за разлика од што беше случај со Гатузо.