Напивка која ги чисти црниот дроб, артериите и затнатите вени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси на сите ни е потребно да го исчистиме телото од вишокот маснотии, да го исчистиме црниот дроб, како и коронарните артерии и затнатите вени.

Ви претставуваме напивка што покрај „чистењето“ на организмот, ќе го заштити вашето тело од вируси и бактерии, пишува „Мај Хелти Фуд Типс“.

Овој напиток ќе ги отстрани и слободните радикали, што имаат многу штетно влијание врз здравјето, особено врз крвотокот.

За да се подготви овој напиток потребно е: осум лимони, четири литри вода, парче ѓумбир и 8 парчиња лук.

Подготовка: Излупете ги лукот и ѓумбирот, лимонот исечкајте го на парчиња, па се заедно ставете во блендер. Откако ќе ги испасирате состојките, префрлете ги во сад и додадете ја водата, а потоа така подготвената смеса ставете ја да се вари. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од шпоретот и оставете ја да се олади, а потоа процедете ја.

Еден час пред секој оброк пијте еден филџан од овој напиток. Потрудете се кога ќе го пиете напитокот да бидете гладни.

Напомена: Кога ја користите оваа природна напивка, би требало да бидете физички активни барем секој втор ден.