Напиток од две намирници кој совршено ќе го освежи дигестивниот систем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој напиток ќе го освежи вашиот дигестивен систем, со тоа што ќе го разлади и ќе ги ублажи воспаленијата.

Овие денови сите се во потрага по средство што ќе го освежи системот за варење. Овој период од годината е познат по тоа што се внесуваат големи количини маснотии, тешка храна и алкохол. Затоа имаме еден освежителен напиток кој ќе делува одлично на дигестивниот систем.

„Многу дигестивни проблеми предизвикуваат воспаление и го загреваат болното место, а доколку не се санираат стануваат се поголеми.“ Гласи изјавата на порталот Health, кои претставија одличен рецепт што одлично делува.

Напитокот се прави од само две состојки – свежа краставица и свежи листови од мента, со прстофат морска сол. Овој напиток се конзумира разладен.

За 4 чаши од овој напиток потребно е:

  • 3 големи лажици од свежи цветови мента
  • 1 краставица со средна величина
  • прстофат морска сол
  • 4 лажици ладна вода

Ставете ги сите состојки во блендер, измиксајте ги, додајте им вода и уште малку блендирајте ги. Разладете го пијалокот и тој е спремен за конзумирање.