Наоми Вотс генијално ѝ се одмазди на обожавателката која тајно ја фотографираше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерката Наоми Вотс на генијален начин ѝ се одмазди на анонимната обожавателка која се обиде скришно да ја фотографира.

На Инстаграм се појавија фотографии од Наоми Вотс како се вози со подземна железница, а ги објави нејзина обожавателка која во метрото седела карши актерката. „Прекрасната Наоми Вотс денес во подземна желецниза“, стои во објаснувањето под фотографијата на која актерката мирно седи и гледа во својот мобилен телефон

Но, обожавателката не сфатила дека всушност Вотс неа ја надитрила, глумејќи фото папарацо, сè додека на официјалниот Инстаграм профил од Наоми не се појави фотографија од обожавателката како ја фотографира токму актерката (огледало ефект). „Мислеше дека се притаи? Фатена си“, напиша кратко Наоми под „одмаздничката“ фотка.

A post shared by Naomi Watts (@naomiwatts) on

Ситуацијата се случила минатата година, но поминала незабележано сè до овие денови кога Твитерџиите случајно не ги поврзале двете фотографии и ја откриле урнебесната ситуација.