Наоми Харис: Даниел Крег ќе ја прифати улогата на новиот Џејмс Бонд!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Актерката Наоми Харис минатата недела на доделувањето на OBE наградите наговести враќање на Даниел Крег во Џејмс Бонд франшизата.

Харис истакна дека верува дека Крег ќе го репризира агентот 007 во продолжение на „Бонд 25“, бидејќи фановите и колегите сакаат во таа улога да го гледаат повторно него.

Таа е оптимист дека „Spectre“ нема да биде последен филм во кој Даниел Крег го глумеше Џејмс Бонд. Верува дека тој ќе продолжи да ја снима франшизата со оглед на фактот дека неговиот портрет на агентот 007 донесе голем успех.

„Факт е дека последните две продолженија на „Spectre“ и „Skyfall“ донесоа најголема заработка од сите филмови за Бонд. Луѓето го сакаат како Џејмс Бонд и сите очајнички сакаат да се врати. Знам дека и нашите продуценти исто така очајнички сакаат да се врати. Поради тоа мислам дека Даниел Крег е единствената личност која треба да се убеди“, изјави Харис.

Меѓутоа, конечната одлука за играњето на „Бонд 25“ ќе биде исклучиво негова, Крег мора да одлучи дали ќе ја прифати улогата и тоа мора да го направи без притисок. Сепак, Харис смета дека е прерано да се расправа за тоа дали треба да се бара замена за Данеил за улогата на агентот 007.

Како што моментално стојат работите, Крег треба да потврди дали ќе ја преземе улогата и во продолжение на франшизата, а американските медиуми тврдат дека продуцентите му понудиле многу поголема заработка за подолжението.