Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Независно од интензитетот и времетраењето на тренингот, храната која се консумира по вежбањето е исклучително важна, бидејќи на телото му се потребни хранливи состојки за да се опорави, да ги обнови неопходните резерви и да ги ревитализира мускулите.
Еве што е најдобро да јадете по тренингот, а пред обемната вечера.
1) Тврдо варени јајца и двопек
Оваа комбинација од протеин и здрави јаглехидрати која треба да се консумира 30-тина минути по завршувањето на тренингот ќе ви помогне за побрзо „доаѓање на себе“.
2) Путер од кикирики и јаболко
Храната како оваа ќе ја забрза испораката на гликоген назад во мускулите со што започнува нивното обновување и градење.
3) Бадеми, ореви и слично
Сите овие здрави „грицки“ (кои не смеат да се пржени) содржат протеини и амино киселини потребни за обнова на мускулите.
4) Банани
Бананите се богати со калиум кој го спречува грчењето на мускулите и помага при рехидрирањето на организмот.