Наместо тумор, во белите дробови му најдоа играчка која ја голтнал пред 40 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британските лекари беа изненадени кога при операција на Питер Бакстер, за кој беа убедени дека боледува од бронхоген карцином, во неговите бели дробови најдоа играчка која 47-годишниот пациент ја голтнал во 1974 година.

Играчката сообраќаен сигнален конус била во десното белодробно крило од градите на Бакстер, додека докторот Мохамед Мунавар во болницата Ројал Престон не забележал нешто чудно на рентгенската снимка.

Пациентот потоа се потсетил дека на својот 7-ми роденден добил сообраќаен сет. При играњето со играчките од комплетот случајно голтнал еден од конусите, но никогаш не отишол на лекар поради тоа.

Минатата година на Питер му се јавила кашлица која почнала да го загрижува, па тој одлучил да бара лекарска помош. Во текот на првите месеци од лекувањето му биле дијагностицирани воспаление на градите и бронхит. Потоа инфекцијата се проширила, поради што лекарите верувале дека Бакстер има рак на белите дробови кој треба да се отстрани.

„Моравме брзо да реагираме за инфекцијата да не се прошири на другите делови од градите“, вели Мунавар.

После отстранувањето на инфицираната маса од белите дробови, лекарите сфатиле дека станува збор за играчка која се сместила меѓу бронхијалните канали од Бакстер.

Мунавар појасни дека ваквите случаи се исклучително ретки. Инаку, кога децата ќе проголтаат некоја играчка или некој друг предмет, најчесто го исфрлаат преку цревата по природен пат. Голтањето на тврди предмети, пак, кај возрасните, може да предизвика поголеми проблеми.