Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп не се појави на денешниот состанок на светските лидери на Самитот Г20. Наместо тој, на големите моќници друштво им правеше неговата ќерка Иванка Трамп. За тоа време Доналд одржа состанок со лидерот на Индонезија.
Иванка, инаку, во Белата куќа е вработена како советничка на претседателот, но во случај на оправдано отсуство, претседателите на Самитот Г20 обично ги заменуваат високи државни функционери. Досега никогаш се нема случено некој да го прати својот советник на негово место.
Трамп при крајот на Самитот се придружи на состанокот заедно со Иванка, на местото помеѓу британскиот премиер и кинескиот претседател. За време на неговото отсуство, Иванка не даде никаков значаен придонес во клучната сесија за миграцијата и здравјето во Африка.
Многу Американци преку социјалните мрежи го осудија овој потег на Трамп, коментирајќи дека „сопственичката на моден бренд не заслужува да седи на таков висок дипломатски состанок“.
Иванка претходно му се придружи на својот татко на Самитот Г20, на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.