Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Наместо 45 дена, сертификатот за прележаност на Ковид-19 во Македонија ќе има важност од 6 месеци.
Ако македонските граѓани досега беа обесправени, сега Комисијата за заразни болести со препорака да трае многу подолго како што е во голем број држави и без проблем во тој период да поминуваат граница.
Но нема укинување на вакциналниот документ неопходен за влез во молови и ресторани бидејќи според КЗБ тоа не го дозволува епидемиолошката состојба во земјата. Околу 60 проценти од населението не примило ниту прва доза на вакцина а само 5 проценти имаат трета што е и една од причините за високата смртност. Комисијата најавува сериозна кампања за вакцинација а таргет ќе им бидат граѓаните со хронични заболувања.
-Ќе се фокусираме на што повеќе да имаат трета доза и многу е важно да има што повеќе бустирани за помала смртност. Секако и со трета доза има починати но тој број е многу мал и поврзан е со коморбидитетите, вели проф. Др. Александар Петличковски, претседател на КЗБ.
Возраста и коморбидитетите имаат многу влијание во крајниот исход, вели др. Марија Димзова од Инфективна клиника.
Во јануари според анализата на ИЈЗ шест пациенти кои имале трета доза починале но еден од нив бил со карцинаом а останатите дијабет, обезност и еден со инфаркт. Кај останатите починати но вакцинирани периодот на имунизациа бил пред 6 и 7 месеци и според имунолозите тој период е долг и кај тие со коморбидитети треба бустер и после 3 месеци од втората. И додека надлежните прават анализи за смртноста, највуваат и скрининг и трстирање во училиштата за да имаат увид каква е трансмисијата на вирусот во образовните установи.
– Ќе има помал број на тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба меѓу популацијата од шест до 18 години. Во насока на тоа, таа методологија ќе биде многу брзо утврдена и наскоро ќе ги имаме резултатите, вели др. Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Инаку од Комисија се категорични дека маските остануваат задолжителни за учениците а изготвени упатства за лекување ќе бидат доставени до матичните лекари.