Наместо 200 патници, во касарната во Пепелиште сместена 9-члена музичка група


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наместо 200 патници кои во Македонија се вратија од европските земји преку Деве Баир, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, во карантин во касарната во Пепелиште се сместени само деве луѓе, членови на музичка група од Битола.

„Сакаме домашен карантин. Ништо друго. Само ние деветмина завршивме во касарната во Пепелиште. Кај се другите? Ова за ТВ 24 синоќа го изјавија членови на музичка група од Битола откако од Деве Баир биле донесени во изолација, карантин во касарната во Пепелиште.

Вчера властите информираа дека во касарната во Пепелиште во карантин ќе се сместат 200 македонски граѓани кои организирано од граничниот премин Деве Баир ќе бидат донесени во Пепелиште и под надзор ќе мора тука да поминат 14 дена. Тие претходно заглавија по аеродромите и граничните премини на средно ризичните европски земји според листата на Светската здравствена организација.

Пред да стигнат во касарната, министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше во овој воен објект за да провери дали е сѐ подготвено. „Ова ќе биде шанса, изолирано од останатиот дел на нашето население, да се направат првите проверки од страна на медицински лица и да се донесе одлука што понатаму“, напиша вчера на својот фејсбук профил министерката Шеќеринска.

Но, синоќа таму стигнале само деветмина. Тие велат дека сите други биле пуштени по дома, во изолација во домашен карантин.

Битолчаните во видео материјалот што сами го снимија велат дека условите во објектот биле катастрофални.

На социјалните мрежи синоќа беа објавени многубројни коментари во кои се вели дека станува збор за класична дискриминација на граѓани од ромска националност и се тврди дека сите други завршиле во своите домови, наспроти ветувањата дека објектот во Пепелиште е подготвен за прием на сите што ќе доаѓаат од странство.