Намалување на казните и враќање на ДДВ бараат малите и средни претпријатија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Брзо, целосно и безусловно враќање на ДДВ, намалување на глобите и укинување на двојните казни, и за правните и за одговорните лица, како и законско регулирање на практиканството, ангажирањето невработени и пробното работење бараат микро, малите и средните претпријатија.

Ова се само мал дел од нивните проблеми регистрирани со анкетата што ја спровеле стопанските комори и УСАИД-проектот за подобра бизнис-регулатива во почетокот на годинава.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, компаниите имаат голем проблем и со односот на царинските службеници поради што бараат донесување етички кодекс за нивното работење.

„Компаниите немаат толку голем проблем со законите колку со нивното различно толкување од страна на цариниците. Се жалат и дека царинските работници често постапуваат субјективно и непрофесионално“, истакна Павлина Димовска од УСАИД-проектот.

Анкетата е спроведена од декември 2016 до јануари 2017 на микро мали и средни претпријатија од текстилната индустрија, градежништвото, земјоделството и ИКТ секторот. Детектирани се вкупно 60 проблеми, од кои 27 се веќе разработени, а за некои има и иницијативи во насока на надминување преку измени на закони.