Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинескиот технолошки производител на паметни телефони и други електронски уреди, Xiaomi, објави нето загуба од 1,09 милијарди долари за првиот квартал од 2018 година, што е шест пати помалку од загубата минатата година, пренесува Ројтерс.
Во моментов, Xiaomi се подготвува за првична јавна понуда на акции (IPO). Компанијата, предводена од Леи Џун, веќе поднесе прво барање за продажби на берзата во Хонг Конг.
Финансиските аналитичари предвидуваат дека IPO-то ќе му донесе на Xiaomi не помалку од 10 милијарди долари, а пазарната капитализација на компанијата ќе се зголеми од 70 до 90-110 милијарди долари. Несомнено ова е најочекуваниот IPO оваа година.
Xiaomi е четвртиот по големина снабдувач на паметни телефони во светот по Samsung, Apple и Huawei. Компанијата, исто така, има силни позиции во „Wearable“ електрониката – особено кај фитнес нараквиците и неодамна влезе во Топ 10 на телевизискиот пазар.