Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот британски музичар Ед Ширен објави дека оди во привремена пензија на само 28 години и тоа откако заработи милионско богатство во својата блескава музичка кариера.
Авторот на едни од најпознатите и најпопуларни песни во светски рамки, кој оваа година се најде на 17. место на листата со најбогати британски музичари, ги извести своите обожаватели дека турнејата „Divide“ е негова последна турнеја. После неа тој ќе се повлече од музичката сцена на некое време за да може што повеќе да биде со сопругата Чери Сиборн, со која е во врска од нивните средношколски денови.
Понесен од емоциите веста ја сподели со обожавателите на бината за време на настапот во Чентри Парк во Ипсвич
„Како што можеби знаете или не знаете, на турнејата Divide се наоѓам повеќе од две години и овој е последниот ден од неа. Постои нешто многу слатко во сето тоа, многу ми е драго што сте овде и што се завршува во Ипсвич. Ова сигурно ми е последната свирка во наредните 18 месеци. Свиревме ширум цел свет. Во Гластонбери, на стадионот Вембли, на прекрасни места во Америка, Нов Зеланд, Австралија, Азија и Јужна Америка. Беше лудо патување“, изјави Ед.
Турнејата „Divide“ ја посетија над 9 милиони посетители ширум цел свет, со што таа е најголемата музичка турнеја на сите времиња, пренесуваат британските медиуми.