Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако е осум години во брак со медицинската сестра Мелиса, со која има и две деца, најзгодниот американски криминалец Џереми Микс е фатен во прегратка со Кло Грин, ќерката на британскиот милијардер и сопственик на брендот TopShop.
Тие двајца се запознале на Филмскиот фестивал во Кан, а на фотографиите кои ги објавија британските медиуми, Џереми и Кло пловат на луксузна јахта на Медитеранот, не криејќи ја својата романса. Веднаш после тоа Кло на Инстаграм објави фотографија со опис „Ова е почетокот…Ги цениме сета омраза и љубов“.
На социјалните мрежи се огласи и неговата сопруга Мелиса, која му беше главна поддршка додека беше во затвор, кратко пишувајќи: „Сама против светот“. Не е познато дали Џереми и Мелиса се разведуваат.
[…] оглед на тоа дека неодамна беше фатен во прегратка со Кло Грин, ќерката од британскиот милијардер и сопственик на […]