Најзгодната 60-годишна жена на светот ја открива тајната за својот изглед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американската глумица и модел Кристи Бринкли во своите 63 години изгледа подобро од некои свои дупло помлади колешки.

Минатиот месец манекенката се појавила на насловната страница на списанието „Sports Illustrated“, а со својот изглед ги воодушевила сите.

Во едно интервју, таа открила дека не се придржува кон никакви диети, туку е фокусирана на урамнотежена исхрана, а појадокот и бил посебно битен.

Така секое утро го започнувала со топла вода и лимон, а во тој напиток често додавала мед и бибер.
Појадокот е доста хранлив, се состои од козјо млеко со сезонско овошје и чиа семе, житарици и јаткасти плодови.

Во деновите кога ќе посака протеински појадок, ја одбира комбинацијата на омлет со спанаќ и печурки.

Посебен оброк кој нејзината цела фамилија го обожава е тост со авокадо.