Највознемирувачката уметничка слика: Поглед одблиску на „Сатурн го јаде својот син“ од Гоја


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Прогресот не е загарантиран. Може да биде забавен, забранет или узурпиран. И тогаш морате одново да се борите за него.

Шпанскиот сликар Франциско Гоја (1746-1828) ова го научил преку својот животен пат, гледајќи ги ветувачкиот пад на просветителството, преку силите на Наполеон, до монархистичката автократија на Фердинанд VII. Приватниот живот на Гоја се движи од среќна егзистенцијална состојба како дворски сликар, до борба со загубата на слухот и можната ментална пореметеност.

Како што илустрира Еван Пушак а.к.а. Nerdwriter во неговото морничав и одлично едитиран видео есеј, околу тој период сликар почнал да ги слика неговите „Мрачни слики“. Овие 14 уметнички дела биле насликани со масло директно на гипсираните ѕидови од преуредената фармерска куќа, која станала негово уметничко ателје. Предметите и темите на овие дела биле прилично мрачни: стареење, лудило, вештерки.

„Двајца стари луѓе јадат супа“ – уште една од „Мрачните слики“

Единствената слика, која Пушак ја издвојува како „Највознемирувачката слика на сите времиња“ е „Сатурн го јаде својот син“, е најмрачна во целата колекција.

Како што посочува Пушак, Гоја често го земал за тематски предмет во своите дела Сатурн (во римската митологија) или Хронос (во старогрчката митологија). Хронос го изел својот новороден син откако пророштвото го предупредило дека неговиот наследник ќе го детронизира од божествениот трон.

„Сатурн го јаде својот син“ од Питер Пол Рубенс

И покрај канибализмот, сликарите го претставувале Хронос со класичен, херојски физикус. Гоја, иако во овој стил сликал во неговиот ран период, го претставува Сатурн како забраден ѕвер од човек, кој е насликан како јаде не бебе, туку возрасен човек. Она што најмногу ужаснува и застрашува на оваа слика се очите на Сатурн. Токму нив Гоја ги наслика ококорени и диви, речиси премногу големи, полни со срам, хорор и жед за крв.

Она што е интригантно за оваа слика е дека таа, заедно со останатите 13 мрачни дела од овој циклус на Гоја кои биле во неговото ателје, не биле наменети да бидат видени од други луѓе. Гоја никогаш не зборувал за нив, а љубителите на уметноста не навратувале кај него за да ги видат. Сликата со Сатурн била изложена во неговата трпезарија. Bon appétit!

„Мрачните слики“ денес, после многу труд за нивен транспорт од нивните оригинални ѕидови, се изложени во музејот „Прадо“ во Мадрид, каде и ден денес ги „мрзнат“ и фасцинираат вљубениците во сликарската уметност и посетителите. Она што никогаш нема точно да го дознаеме е зошто Гоја ги насликал овие претстави и што му се вртело во глава кога го сликал Сатурн.