Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Влијателниот и угледен дневен весник New York Times ги собра во една листа резултатите и одлуките на нивните најугледни филмски критичари во изборот за филмови со најголемо влијание во изминатата втора деценија од 21. век.
„American Sniper” кој во 2014 година го сними Клинт Иствуд за животот и смртта на снајперистот Крис Кајл, ја имаше својата премиера кон крајот на декември, но следната година важеше за филм кој „мора да се погледне” и на крајот се утврди дека токму тој беше најгледаниот филм за таа година.
Но, „American Sniper” предизвика поделени реакции кај публиката – додека едни се бунеа што филмот го поддржува ставот дека сите можат да имаат оружје, други протестираа што во филмот се „рекламира” оружје.
Серијалите се еден од постојаните производи на Холивуд, а не се ретки ниту филмовите за суперхероите. Сепак, меѓу нив најмногу се истакна „The Avengers” максимално ја искористи популарноста на Крис Хемсворт кој го играше Тор во истиот филм.
Инаку, таа 2012 година докажа дека можат да се соберат сите суперхерои и дека публиката ќе ужива, гледајќи ги сите на едно место.
„Blackfish” снимен во 2013 година, е документарен филм кој има за цел да ја потсети публиката на загрозените орки. Тоа беше толку впечатлив филм што го промени односот на јавноста кон овој вид китови. „Blackfish” предизвика толку бурна полемика што пратениците мораа да предложат и усвојат закон кој ќе ги штити џиновските орки.
Комплетанта листа од изборот на New York Times можете да ја погледнете ОВДЕ.