Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Има повеќе фактори кои битно влијаат врз генералната просечна висина на една нација, меѓу кои животната средина и генетските предиспозиции се главни.
Според статистиката од Светската здравствена организација, во комбинација со поволни параметри на овие два главни фактори за висината на еден народ – добрата генетика и исхраната, највисоките луѓе на светот живеат во Европа.
Просечно највисоки се Холанѓаните, поради како што утврди СЗО, квалитетот на животот и добрата исхрана, во која главни се млечните производи и морската риба. Просечната височина на Холанѓаните изнесува 183,8 сантиметри. Во земјата на лалињата има голем број на високи луѓе што дури има и организација која ги застапува. Вратите во сите државни институции во Холандија се повисоки од 2 ,2 метри.
Втори по височина на свето се граѓаните на Црна Гора со 183,2 сантиметри.
Пријатната клима и чистиот воздух се главниот предуслов за такво нешто. Црногорската кујна е мешавина на вкусови и е многу нутритивно богата. Секако во Црна Гора значаен фактор се и гените.
Трет највисок народ на светот се Данците со 182,6 см просечна височина.
Норвешка со 182,4 см, се меѓу највисоките луѓе на светот. Норвежаните воопшто не заостануваат зад своите предци викинзите. Секако важни фактори за тоа се и храната базирана на протеини, квалитетот на животот.
Петти највисок народ на светот се Србите и Србинките со 182 см. Просечната височина е измерена во однос на двата пола. Комбинацијата на словенски и медитерански гени и доминантниот динариоден облик на главата се сметаа за најзначајните фактори за висината кај Србите.
Во топ десетте највисоки народи на светот влегуваат и: Германија со просечна висина од 181 см, Хрватска 180,5 см, Чешка 180,31 см, Словенија 180,3 см, Луксембург 179,99 см.