Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
24-годишната Баша Мукерје, која во 2019 година беше прогласена за Мис на Англија, ја остави на страна круната за убавина и реши да се врати на својата лекарска работа поради состојбата со коронавирусот и смртта на повеќе од 3.000 луѓе за еден ден во Велика Британија.
View this post on Instagram
Баша требаше да посети повеќе земји како амбасадорка на својата земја и да продолжи со хуманитарната работа до август годинава, кога ќе ја предаде круната на својата наследничка.
Кога започнала пандемијата на коронавирусот, Баша била во Индија каде што е родена, а нејзините родители се преселиле во Велика Британија кога имала девет години.
На мисицата ѝ се јавувале колегите од англиската болница во која работела и ја известувале за тоа колку е тешка ситуацијата во Велика Британија.
View this post on Instagram
Поради тоа, Баша решила да им се јави на шефовите од нејзиното поранешно работно место и побарала да се врати на својата лекарска работа.
Мисицата посочува дека е погрешно да се носи круна во ова време, било да е тоа за добротворни цели, додека во исто време, луѓето од целиот свет умираат од коронавирусот и нејзините колеги се растргани од работа.
„Сакам да се вратам дома, сакам да се вратам на работа. Затоа се стекнав со диплома и кога подобро можам да го искористам тоа знаење отколку сега. Знам дека можам да помогнам“, објасни таа.
Баша се врати во Лондон минатата среда и мора да биде во изолација две недели пред да се врати на работа.